Голманот на Барселона Марк Андре Тер-Штеген конечно ќе добие вистинска конкуренција на „Камп Ноу“. Каталонските медиуми потврдија дека Ињаки Пења ќе стане втор голман на Барселона по истекот на позајмицата во Галатасарај.
Пења блесна во четвртокот на „Камп Ноу“, успеа да ја сочува мрежата, имаше неколку одлични интервенции и покажа дека заслужува место во Барселона. Ова и дефинитивно ќе ги намали шансите на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски од Рајо Ваљекано да се пресели во Барселона во летниот преоден рок. Големи шанси за тоа постоеја и оваа зима, но тој остана на голот на мадридскиот клуб.
Ињаки Пења е дете на Барселона, ги помина сите помлади селекции на „Ла Масија“ од 2012 година, а неодамна наполни 23 години.
Нето сака да ја напушти Барселона, а исто така клубот бара заинтересиран клуб за да го продаде Бразилецот, па се води кон доаѓање на Пења по позајмицата во Галатасарај.