Третиот голман на фудбалската репрезентација на Шпанија, Пау Лопез (24), кариерата ќе ја продолжи во Рома. Трансферот треба да биде „тежок“ 18 милиони евра.
Лопез целата своја кариера е во Шпанија, започна во Еспањол, а минатото лето за пет милиони евра се пресели во Бетис.
Иамше добра сезона поради што стана трета опција во националниот тим по Давид Де Хеа и Кепа Аризабалага.
Доколку трансферот биде реализиран, голманот Пау Лопез ќе биде третото засилување за Рома. Претходно на „Олимпико“ од Наполи пристигна Амаду Дијавара, а од Јувантус Леонардо Спинацола.