Top Sport

Голман во Серија Ц постигна голчиште од 80 метри!

Голманот на Модена, Рикардо Гањо во саботата постигна еден од најубавите голови во 2021 година, помагајќи на својот тим да остане во игра за пласман во Серија Б.

Во финишот на мечот против Имола, поточно во 91. минута, Гањо откако противниците израмнија со гол од пенал, од 80 метри успеа да го измами анмарија Роси за да обезбеди три поени за својот тим.

Овие поени може да бидат клучни во борбата за Серија Б – Модена сега има 84 поени на првото место на табелата, 4 повеќе од Реџијана.

Scroll to Top