Голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон тврди дека тој е најдобриот изведувач на пенали во екипата иако стручниот штаб нема доверба во неговите способности.
„Граѓаните“ имаат голем проблем кога се работи за изведувањето пенали сезонава. Габриел Хесус, Рахим Стерлинг, Серхио Агуеро, Илкај Гундоган и Кевин де Брујне промашуваа пенали сезонава.
„Порано тренирав и слободни удари, но тоа е минато, имаме добри изведувачи во тој сегмент. Што се однесува за пеналите, тука сум јас најдобар во екипата иако не шутирам на мечевите“ рече Едерсон.
Гвардиола во 2018-та рече дека Едерсон нема да шутира пенали додека тој е на кормилото на Сити.
„Тоа нема да се случи затоа што е голман. Имаме други играчи кои можат да го сторат тоа, а имаме и почитување за натпреварувањата и противниците“ изјави Гвардиола.