Голманот на Брајтон, Роберт Санчез, веројатно ќе го брани голот на Шпанија на Европското првенство.
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, конечната одлука околу првиот голман ќе ја донесе по контролниот натпревар со Португалија, кој на голот ќе го започне Санчез.
Според шпанските медиуми, Енрике бил импресиониран од Санчез, особено од начинот на кој што игра со топката.
Роберт Санчез сезонава настапи на 27 натпревари за Брајтон во Премиер лигата.
Покрај Санчез, на спискот на Шпанија се наоѓаат и голманите на Атлетик Билбао, односно Манчестер јунајтед, Унаи Симон и Давид Де Хеа.
Де Хеа долго време не е прв голман на репрезентацијата, на последните неколку натпревари голот на Шпанија го бранеше Симон.