Top Sport

Венгер: Арсенал душата ја остави на Хајбери

Легендарниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер смета дека клубот „останал без душа“ кога од Хајбери се преселил на Емирејтс. Арсенал на Хајбери играа до 2006 година кога се преселија на новиот стадион.

„Имавме стадион многу сличен на Енфилд, имавме душа. Потоа изградивме нов стадион, но душата никогаш не ја најдовме, ја оставивме на Хајбери. Атмосферата никоаш не беше иста“, рекол Венгер.

Арсенал се мачат оваа сезона, имаат само шест победи, а на табелата се наоѓаат на десеттото место. За разлика од нив Ливерпул се на добра пат да го повторат нивниот успех од сезоната 2003/2004 и да ја освојат титулата без пораз.

„Погледнете колку се ефикасни и колку голови примаат. Многу се добри. Играат интелигентен фудбал, нивните играчи носат паметни одлуки на теренот. Тешко е да достигнете такво ниво, потребно е екипата да не чувствува страв од пораз“, заклучил Венгер.

Scroll to Top