Top Sport

Голманот на Јунајтед, Хендерсон демантира дека ја тепал девојката

Голманот на Манчестер јунајтед, Дин Хендерсон преку социјалните мрежи ги отфрли „целосно лажните“ тврдења дека тој бил фудбалерот кој во 2019 година бил уапсен за домашно насилство, пред да биде пуштен на слобода.

„Не ми се верува дека морам да го направам тоа, но би сакал да се осврнам на шпекулациите од последните неколку дена. Има многу тажни луѓе на светот кои го поврзаа моето име со такви лажни вести. Имам семејство на кое ова влијае и затоа сакав да ги ставам шпекулациите зад себе“, напиша Хендерсон.

Според британските медиуми, апсењето во 2019 се случило кога девојката на фудбалерот се јавила во полиција тврдејќи дека била нападната и дека добивала заканувачки пораки. Полицијата го уапсиле фудбалерот, кој веќе не е во врска со таа девојка, и ситуацијата била средена „преку адвокатите“, односно тој платил добра сума за работата да се „среди“. Името на Хендерсон се поврза со случајот, бидејќи тој од декември 2002 нема фотографија со својата поранешна девојка, со која веќе не е.

Случајот исто така доаѓа откако неговиот соиграч од Јунајтед, Мејсон Гринвуд беше уапсен за сексуален и физички напад и закани со убиство на својата девојка, по што Јунајтед го суспендираа, а ги загуби сите спонзорски договори.

Scroll to Top