Top Sport

Рускиот лизгач се извини за средниот прст кон Американците

Рускиот натпреварувач во брзо лизгање, Данил Алдошкин се извини откако им покажа среден прст на американските ривали по победата на Олимпијадата во Пекинг.

20-годишниот Алдошкин беше дел од руското трио кое освои сребро во пурсуит трката, откако загубија од Норвешка во финалето, но во полуфиналето беше пресреќен од победата над Американците за да им покаже среден прст.

„Ги кренав рацете нагоре, бидејќи имав прв олимписки медал на првата Олимпијада. Не мислев да навредам никого и се извинувам ако го направив тоа“, вели Алдошкин.

Неговиот колега Руслан Захаров вели дека средниот прст е кон времето, а не кон противничкиот тим.

„Во брзото лизгање се бориме со времето, не против противник. Тоа беше емоционална реакција“, вели Захаров.

Scroll to Top