Top Sport

Поради забрана од УЕФА, необична минута молчење на младинските селекции на Полска и Израел

Поради забраната на УЕФА, фудбалерите на Полска и на Израел до 21 година одржаа едноминутно молчење во спомен на жртвите од палестинско-израелскиот конфликт по почетниот свиреж на судијата. Тие ја шутнаа топката и застанаа.

Според Еуроспорт, УЕФА не дозволила да им се оддаде почит на жртвите од израелско-палестинскиот конфликт пред почетокот на натпреварот.

Натпреварот кој се одигра во Полска во рамките на квалификациите за Еуро У21 заврши со победа на домаќините со резултат 2:1.

Главен судија на овој натпревар беше Македонецот Јован Качевски.

Scroll to Top