Top Sport

Голманот на Пирин му „пушти“ шампионски гол на Бојко Борисов? (видео)

Бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговата љубов кон фудбалот е одамна позната (тој во 2011 беше именуван за најдобар бугарски фудбалер пред Димитар Бербатов), и овојпат беше клучен човек овој викенд за неговиот тим Витоша Бистрица да стигне до титула во ветеранскиот турнир со 2:1 победа над Пирин.

59-годишниот Борисов доби шанса да шутира слободен удар од работ на шестнаесетникот, и иако обидот беше солиден, голманот на Пирин, изгледа потклекна под авторитетот на премиерот.

Scroll to Top