Top Sport

МЗТ ја прекина победничката серија на сараевските Спарс (видео)

Во последниот меч од регуларната сезона од АБА втората лига, македонскиот вице-шампион МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до 93:77 (24:23, 21:17, 23:20, 25:17) победа над Сараево спарс во најава на нивниот полуфинален дуел од плеј-офот.

Иако мечот немаше некоја голема резултатска важност, за „металците“ секако претставува добар поттик за поважните мечеви од плеј-офот за враќање во елитата на АБА.

МЗТ направи предност од пет поени во првото полувреме, зголемувајќи го и во второто полувреме за 93:77 победа.

Пеџа Самарџиски беше најдобар на теренот со 26 поени, Иванов имаше 19, а Вудард 16 за „металците.“

Фото: АБА лига/Петр Стојановски

Scroll to Top