Top Sport

Мурињо: Јас останувам единствениот кој победив на гости во Торино оваа сезона (видео)

Жозе Мурињо не би бил Жозе Мурињо доколку не се пофали. Овојпат, на новото работно место како фудбалски аналитичар на руската „РТ“, тој потсети дека е единствениот менаџер кој успеал да ги победи Јувентус во Торино оваа сезона.

Манчестер јунајтед под Мурињо стигна до 2:1 победа во групната фаза од ЛШ во ноември, кога се вратија од негатива по голот на Кристијана Роналдо со два гола во финишот на мечот (еден на Хуан Мата и еден автогол на Леонардо Бонучи).

По овој меч, Мурињо ги провоцираше навивачите на Јувентус, покажувајќи кон увото по навредите кои ги добиваше во текот на целиот меч.

„Да ви кажам не сум несреќен, бидејќи на крајот, јас сум единствениот кој победи во Торино цела сезона“, објаснува Португалецот, кој во декември доби отказ, а сега неговите Манчестер јунајтед се во четврт-финалето по сензационалната победа над ПСЖ.

Scroll to Top