Top Sport

Голманот со гол 94 минута го однесе Тигрес во четврт-финалето (Видео)

Фудбалерите на Тигрес се пласираа во четврт-финалето во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ зоната. Тигрес на спектакуларен начин ја елиминираа Алианца (Ел Салвадор) со победата од 4:2.

Голот кој на Тигрес им обезбеди влез во четврт-финалето го постигна голманот Науел Гузман во 94 минута од натпреварот. Во последната акција на натпреварот Де Варгас нафрли од слободен удар пред голот на Алианца, а голманот Де Гузман со глава постигна гол.

Инаку, првиот меч во Ел Салвадор заврши со поебда на Алианца од 2:1, во реваншот Тигрес имаа 3:0 со головите на Енер Валенсија и Андре-Пјер Жињак. Сепак Алианца до крајот на полуврето се вратија во мечот со головите на Портиљо во 33 и 42 минута.

Во второто полувреме немаше голови се до финишот, кога на веќе опишаниот начин голманот на Тигрес постигна гол.

Тигрес во четврт-финалето ќе играат против Њујорк сити.

Scroll to Top