Top Sport

Роналдо немој повеќе да шутираш слободни

Слободните удари се најслабата точка на гол-машината Кристијано Роналдо. Јувентус синоќа загуби од Лион (1:0), Роналдо се вклопи во бледото тимско издание, а повторно не успешно изведе слободен удар.

Порталот „Опта“, специјализиран за фудбалска статистика, објави дека Португалецот ги промашил последните 25 слободни удари во Лигата на шампионите и го советуваат топката да му ја препуштат на Миралем Пјаниќ.

Уште полоша е збирната статистика на Роналдо. Во сите натпреварувања тој ги промашил последните 38 слободни удари.

24 пати топката одела во живиот ѕид, 11 пати голманите одбраниле, а само еднаш ја погодил гредата.

Scroll to Top