Top Sport

Хакирана електронската пошта на Гвардиола

Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола бил жртва на хакерски напад. Хакерот успеал да влезе во електронската пошта на Гвардиола, украл интересни податоци кои ги продавал за 100.000 фунти.

Хакерот за таблоидот „Сан“ тврди дека меѓу пораките има неколку интересни податоци: телефонските броеви на сите фудбалери на Сити, како и разговори со потенцијалните засилувања.

„Тоа беше најлесната работа што сум ја направич. Успеав да ја отворам секоја порака што ја испратил. Не ги носам со себе информациите, би бил лошо доколку би ми го нашле телефонот. Видов многу интересни работи“, рекол хакерот.

Тој потврдил дека нашол разговори за трансферот на Матијас Де Лихт, а можел да ги види сите податоци поврзани со ѕвездите на Сити, меѓу кои се и нивните плати.

Сепак интервјуто за „Сан“ многу му наштетило на хакерот. Откако новинарите се јавиле во клубот и се заинтересирале за случајот со украдената електронска пошта на Гвардиола, Сити ја алармирале полицијата.

Хакерот бил уапсен во понеделникот вечерта. 30 годишникот бил обвинет за кражба на лични податоци.

Scroll to Top