Top Sport

Голмански чалам кој не се исплатеше – неверојатен пенал од Русија

Иван Ломаев, голманот на рускиот второлигаш Крилја Совјетов можеби не е најпознатиот голман на светот, но сигурно е еден од најхрабрите ако се погледне неговиот обид да спречи гол од пенал при вчерашното гостување кај Оренбург.

Откако беше досуден пенал за домаќините во 87. минута при 1:1 резултат, Ломаев се обиде на необичен начин да му попречи на напаѓачот од Гана, Џоел Фамеје со тоа што стоеше екстремно блиску до едната статива. За жал, финтата не му помина, Фамеје шутираше токму на таа страна за три поени.

Scroll to Top