Вчера бразилскиот клуб Сантос реши да го „поништи“ рекордот на Лионел Меси од 644 голови за Барселона, тврдејќи дека Пеле, ако се сметаат и пријателските мечеви, постигнал над 1.000 голови за нив.
Ова повторно ја враќа дискусијата за тоа дали бразилскиот великан навистина е најдобриот фудбалер на сите времиња, посебно бидејќи доаѓа од ера во која ТВ-преносите не беа толку чести, а се играа и многу неофицијални мечеви и турнири. Ова, заедно со фактот дека цела кариера ја помина во Бразил, носи многу луѓе кои се сомневаат во достигнувањата на Бразилецот.
Во прилог на овие критичари доаѓа и најомилениот (и најневеројатниот) гол кој Пеле го постигнал. Се работи за гол против бразилскиот клуб Атлетико Јувентус во 1959 година, кој, секако не бил фатен на снимка, така што дигитално бил рекреиран по сеќавањата на Бразилецот.
Е, сега, дали ваков гол е навистина возможно да се постигне, или се работи за „шарена“ лага, проценети сами. Според нас, последниот потег, кревањето на топката пред голманот ја прави цела ситуација невозможна – освен можеби на видео-играта „ФИФА“.