Top Sport

Голот на сезоната го постигнал Роналдо (Видео)

Голот што Кирстијано Роналдо го постигна против Реал, во осмина-финалето во Лигата на шампионите минатата сезона, според фановите е „гол на годината“.

На официјалниот сајт на УЕФА, за голот на Роналдо гласале 197.496 навивачи. Португалецот во дресот на Реал, против својот сегашрн клуб Јувентус, постигна гол со „ножички“.

Во гласањето што го организираше УЕФА, второто место му припадна на Димитри Паје од Олимпик Марсеј (35.558 гласа) и неговиот гол против Салцбург во четврт-финалето во Лига Европа, а третото место е за Шпанката Ева Наваро (23.315 гласа). Таа постигна брилијантен гол во финалето на Европското првенство за фудбалерки до 17 години.

Scroll to Top