Top Sport

Пелистер по пенал-драмата ќе го брани трофејот од Купот на Македонија

Пелистер ќе се обиде да ја одбрани титулата од Купот на Македонија против моќната Шкендија, откако по изведувањето на пеналите го мина домашниот тим на Академија Пандев.

Пелистерци во Струмица дојдоа со 2:1 предност по првиот натпревар, но исцрпени по драмата со труењето со храна во текот на викендот, и кога Марковски во 62. минута стрелаше за водство на гостите, изгледаше дека работата е завршена.

Меѓутоа, тогаш „академците“ направија вистински пресврт. Прво Атанаскоски во 73. минута израмни на 1:1, за Крстовски во 90-тата минута да примора продолженија бидејќи резултатот беше идентичен како тој во Битола. Во пенал-серијата, Академија промаши дури пет пенали за 3:2 победа на Пелистер.

Во финалето, „зелените“ ќе играат со Шкендија, која претходно со 2:0 го совлада тимот на Ренова.

Фото: ФК Пелистер

Шкендија пак подобра од Ренова за Куп-финале

Scroll to Top