Top Sport

Голот за победа Мин Сон му го посвети на екс-соиграчот Кристијан Ериксен

Репрезентативен фудбал освен на ЕУРО 2020, овие денови се игра и во Азија каде се во тек квалификациите за СП во Катар 2022 година.

Јужна Кореја со 2-1 славеше против Либан, а голот за победа го постигна ѕвездата на Тотенхем, Хеунг-мин Сон од пенал во 66 минута.

Крилниот напаѓач по реализацијата истрча до најблиската камера и со прстите го покажа бројот 23 со повик: „Кристијан Ериксен, те сакам“.


Данскиот фудбалер синоќа колабираше, изгуби свест во 43 минута од мечот против Финска во Копенхаген. Ериксен 7 години беше дел од Спарси пред да направи трансфер во Интер.

Најновите информации се дека неговата состојба е стабилна.

Слична посвета Ериксен доби и синоќа од Русија, каде Ромелу Лукаку, неговиот колега од Интер погоди во мрежата на „Зборнаја“.

Scroll to Top