Играчот од средниот ред на Монако, Алекснадер Головин вели дека нивниот поранешен тренер Тјери Анри не успеал да се „трансформира“ во фудбалски тренер поради неговиот темперамент.
Анри беше на клупата на клубот од „Луј Втори“ само 104 дена пред да биде отпуштен во јануари и тимот да го врати стариот тренер Леонардо Жардим. Во овој период тој успеа да стигне само до две победи, и шпекулациите велеа дека влегол во конфликт со повеќе фудбалери, а Головин вели дека Французинот постојано бил нервозен и само врескал.
„Можеби Анри не ја надмина својата позиција како фудбалер. Кога работите не функционираа на тренинг, тој стануваше нервозен и врескаше. Тоа беше непотребно. Тој беше силен фудбалер и единствени фудбалери на тоа ниво кај нас се можеби Радамел Фалкао и Цеск Фабрегас. Анри ќе излезеше на теренот и ни покажуваше како треба да тренираме и многу викаше. Имаше моменти во кои тој беше навреден и не ни зборуваше со часови“, вели 22-годишниот Головин.