Top Sport

Гомез: Не се допингував, земав сируп против кашлица

Фудбалерот Монца, Алехандро Папу Гомез, кој е суспендиран на две години поради допинг, изјави дека бил позитивен на нелегална супстанца поради сирупот за кашлица што му го дал на својот син.

Гомез, овој месец потпиша за Монца како слободен играч и требаше да го замени Џанлука Капрари, кој ја заврши сезоната поради повреда на лигаментите на коленото.

Сепак, минатата недела беше објавено дека аргентинскиот фудбалер паднал на допинг тест во ноември минатата година додека настапувал за Севилја, а шпанските власти дури сега го казниле со двегодишна суспензија.

Гомез во изјавата на социјалните мрежи рече дека добил известување од шпанската антидопинг комисија дека лиценцата му е суспендирана на две години.

Тој изјави дека секогаш строго ги почитувал сите правила, дека силно го бранел чистиот спорт и спортскиот дух и категорично ги осудува сите видови допинг.

„Никогаш не сум, ниту имам намера да се потпирам на практиката на забранети супстанци. Наводниот прекршок доаѓа од тербуталин во мојот систем, кој случајно го проголтав од лажичка сируп за кашлица што му го давав на син ми за да му ја олеснам кашлицата. Важно е да се прецизира дека тербуталинот е дозволен за професионални спортисти и не ги подобрува фудбалските перформанси на кој било начин“, рече Гомес.

„Без да навлегувам во ситуацијата, побарав адвокатите да ја разгледаат сугестијата дека во дисциплинскиот предмет не е постапувано според нормите. Благодарен сум на сите што ме поддржаа во овие тешки моменти од мојот професионален живот“, додаде Гомез.

Scroll to Top