Оле Гунар Солскјер признава дека очекува Енџел Гомеш да си замине од Манчестер јунајтед утре откако не успеаја да се договорат за продолжување на договорот на тинејџерот.
19-годишниот Англичанец, кој игра во средината на теренот, е дел од академијата на Јунајтед, но сега најверојатно ќе замине во друг клуб, со Интер и Челси како главни фаворити.
„Немам никакви нови вести, така што изгледа дека тој ќе замине. Не верувам дека успеале да најдат договор за тој да остане“, вели Солскјер.
Гомеш дебитираше во првиот тим на Јунајтед во последниот меч од сезоната 2016/17 под Жозе Мурињо, меѓутоа не успеа да се наметне во првиот тим и оваа сезона има само три настапи и тоа во мечеви од Лига Европа.
Гомеш работи со Јунајтед од својата шеста година, и клубот му понудил плата од 30.000 фунти неделно за да остане.