Top Sport

Партизан бара ФМП да се исфрли од АБА лигата поради врската со Звезда

Партизан на денешната седница на АБА-лигата ќе побара исфрлање на српскиот клуб ФМП од Железник од лигата поради „судирот на интереси“, односно поради поврзаноста со Црвена звезда.

Според хрватскиот спортски весник „Спортске новости“, Партизан има „недвосмислени докази“ дека Небојша Човиќ е прв човек на двата клуба иако формално не е така, посочувајќи дека Звезда во последните 26 меѓусебни дуели со ФМП има остварено 26 победи. Тие исто така се противат на идејата првиот човек на ФМП, Зоран Тошковиќ да дојде на ротација како претседател на лигата на местото на претседателот на Цибона, Домагој Чавловиќ и бараат префрлање во АБА 2 лигата.

На овој состанок, исто така би требало да се потврди дека МЗТ Скопје се враќа во АБА лигата по две сезони, откако словенечкиот тим Приморска не доби лиценца во својата земја.

Scroll to Top