Неверојатна приказна доаѓа од Аргентина, а главен актер е играчот на Севилја, Алехандро Папу Гомез. Според аргентинските медиуми, Гомез играл на Светското првенство во Катар и покрај тоа што претходно бил избишан од списокот на селекторот Лионел Скалони.
Скалони открил дека Гомез користел црна магија за да го спречи Џовани Ло Селсо да се опорави од повредата и да замине на Светското првенство.
„Папу Гомез плати вештерка за да го забави закрепнувањето на Ло Селсо. Ова е вистинската причина зошто Папу Гомез не се најде во списокот за Светското првенство, ниту за прославата. “, пишуваат аргентинските медиуми.
Аргентинските новинари тврдат дека Гомез е чест гостин на вештерки кои му ја предвидуваат иднината поврзана со кариерата и животот.
На колегите од репрезентацијата пред Мундијалот им рекол дека вештерката му потврдила дека ќе бидат светски шампиони.
Медиумите пишуваат дека ова не е прв пат Гомез да се најде во ваква ситуација бидејќи нешто слично направил и пред Светското првенство во Русија.
Тогаш не користел црна магија, но намерно го повреди Лукас Биља, и го зазеде неговото место во репрезентацијата.