Top Sport

Гонзало Игуаин најави пензија на крајот од сезоната

Легендарниот аргентински фудбалер Гонзало Игуаин на крајот од сезоната ќе замине во фудбалска пензија. Тој за два месеци ќе наполни 35 години, а објави дека Интер Мајами ќе биде неговиот последен клуб во кариерата.

Интер Мајами се наоѓа во изгледна позиција за пласман во плеј-офот на две кола пред крајот на регуларниот тек од МЛС лигата.

Популарниот „Пипита“ зад себе има богата кариера. Ја почна кариерата во Аргентина, а Реал Мадрид беше неговиот прв европски клуб каде помина пет и пол години. Потоа се пресели во Наполи, многу врева се крена за неговиот трансфер во Јувентус, а подоцна играше и во Милан и во Челси.

За аргентинската репрезентација Гонзало Игуаин одигра 75 натпревари и постигна 31 гол.

Scroll to Top