Top Sport

Горецка и Суле нема да играат во реваншот против ПСЖ

Баерн Минхен со минус од еден гол, наредниот вторник, ќе патува во Париз на четврт-финалниот реванш со ПСЖ. „Светците“, синоќа победија во Минхен со 3:2. Покрај неповолниот резултат, дополнителни проблеми на тренерот Ханс-Дитер Флик, му направија повредите на Леон Горецка и Николас Суле.

Германските репрезентативци, поради повреди, во првиот дел го завршија дуелот со ПСЖ.

Двајцата нема да играат во реваншот. Ова е голем проблем за Баерн, бидејќи реваншот ќе го пропуштат и Роберт Лвендовски и Серж Гнабри, едниот поради повреда, а другиот поради коронавирусот не играа синоќа.

Прогнозите велат дека Горецка ќе отсуствува од тимот десет дена, а Суле две до три недели.

Scroll to Top