Top Sport

Лахоз ќе суди во Ел класико

Реал, во сабота, ќе ја пречека Барселона. Ла Лига, за главен судија го одреди Матеу Лахоз. Сезонава, Лахоз, по три пати им судел на натпреварите на Реал и Барселона. Двата тима забележале по три победи.

Лахоз, пред нешто повеќе од една година, исто така беше главен судија на Ел класико. Во март, минатата година, Реал ја победи Барселона со 2:0.

Инаку, Лахоз, во средата, беше главен судија на натпреварот помеѓу Баерн и ПСЖ во Лигата на шампионите.

Scroll to Top