Top Sport

Горецка си постигна автогол по 14 секунди, Баерн извлече победа (видео)

Баерн Минхен успеа да го совлада Аугзбург со 3:2 на гости во дербито на Баварија, иако работите тргнаа ужасно за гигантот.

По само 14 секунди игра, новото засилување на Баерн, Леон Горецки ја смести топката зад грбот на Мануел Нојер. Ова е само третпат во историјата на Бундеслигата да се постигнува гол во првата минута од натпреварот и првпат од 1978 година.

Кингсли Коман израмни по 17 минути игра, но Аугзбург повторно дојде во водство само пет минути подоцна преку Џи Донг-Вон. Коман беше „адутот“ на Нико Ковач, откако во финишот на првото полувреме го израмни резултатот, пред Давид Алаба во 53. минута да ги постави конечните 2:3.

Со оваа важна победа, Баерн се доближи на само два поени од лидерите Борусија Дортмунд, кои во понеделник го пречекуваат Нирнберг. Аугзбург остануваат на 15. место со 18 поени, само три поени над зоната за испаѓање.

Фото: ЕПА

Scroll to Top