Top Sport

Гореше Пиреја, Олимпијакос подобар од ПАО за врв на табелата (видео)

Фудбалерите на Олимпијакос го победија лутиот ривал, Панатинаикос со минимални 1-0 во рамки на 17 коло од првата лига во Грција.

На теренот не беше премногу возбудливо, победникот го одлучи погодокот на Ел Араби во 74 минута, а со новите 3 бода, Олимпијакос го презема првото место на табелата откако претходно ПАОК киксна во солунското дерби со Арис и загуби со 4-2.
https://youtube.com/watch?v=qqUa0HgTOiM
Мечот во Пиреја го одбележаа немирите пред натпреварот пред стадионот. Фрлен беше и солзавец, а домашните навивачи имаа намера да ги пречекаат гостинските фудбалери пред доаѓањето на стадионот.

Scroll to Top