Top Sport

Госенс: Ќе го обезбедев генерации од семејството ако ја прифатев понудата од Њукасл

Новото засилување на Интер, Робин Госенс признава дека размислувал за големата понуда од Њукасл јунајтед во јануарскиот преоден рок, пред да се одлучи да премине од Аталанта во Интер, но додава дека понудата од Англија не го предизвикала.

„Човечки е да се размислува за тоа. Се работеше за голема понуда. Ми беа понудени повеќе пари да ја правам истата работа на друго место и покажете ми некој кој веднаш ќе каже: ‘Не, благодарам’. Не се работеше само за мене, најверојатно ќе можев да осигурам повеќе генерации од моето семејство со тие пари“, вели Госенс во интервју за германскиот „Кикер“.

Госенс дојде во Аталанта од холандскиот Хераклес Алмело за само 1 милион евра во 2017 година и стариот клуб ќе добие бонус од трансферот во Интер.

Scroll to Top