Top Sport

Евролига: Химки ја „преболе“ Звезда и го декласираше Зенит

Кошаркарите на Химки славеа победа на гостувањето кај Зенит во првиот меч од 7 коло во кошаркарската Евролига.

Играчите од преградието на Москва „го преболеа“ првиот позар од белградска Црвена Звезда во претходното коло, па стигнаа до рутинска победа против рускиот тим.

За Зенит ова е трет пораз во низа на свој паркет, додека, пак, Химки има 100-отстотен учинок на гостински терен.

Најефикасен во победничката екипа беше Девин Букер со 24 поени, а 23 поени реализираше Алексеј Швед.

Најдобар во домашната екипа беше Остин Холинс со 25 поени.

Во следното коло Химки го дочекува Армани, а Зенит гостува кај Ефес.

Scroll to Top