Top Sport

„Грабеж“ во Софија – Бугарија со непостоечки пенал спаси реми со Црна Гора (видео)

Бугарија и Црна Гора одиграа 1:1 на „Васил Левски“ во Софија во првото коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, откако домашната репрезентација доби „подарок“ пенал во финишот на мечот од групата А.

Црногорците имаа водство од 1:0 по голот на Стефан Мугоша во 50. минута, но во 82. минута францускиот судија Руди Буке реши да досуди пенал и покрај тоа што фаулот беше далеку од шестнаесетникот. Тодор Неделев беше сигурен од белата точка за поделба на поените.

Во групата со Бугарија и Црна Гора уште се и Англија, Чешка Република и Косово.

Scroll to Top