Top Sport

Руи Кошта: Никогаш не сум видел гладен шампион како Роналдо

Кристијано Роналдо секогаш ја имал незаситната желба да освојува трофеи, вели неговиот поранешен колега од португалската репрезентација, Руи Кошта, кој додава дека никогаш не видел „погладен шампион“.

Кошта играше покрај Роналдо на ЕП во 2004 година, кога Португалија загуби во финалето на домашен терен од Грција. Кошта поголем дел од кариерата помина во Серија А со Фиорентина и Милан пред да се повлече во 2008 година, а сега е спортски директор на Бенфика. Португалија ја почнува одбраната на европската титула од 2016 со меч со Украина.

„Како е различен ЦР7 од другите? Во амбицијата. Никогаш не сум видел шампион кој е толку гладен за трофеи. Тој живее за секој натпревар како да му е последен во кариерата. Кога игравме на Евро 2004 тој беше уште дете, а ние бевме постари. Но, сите знаевме дека ќе биде голем фудбалер“, вели Кошта.

Scroll to Top