Десетици работници, кои работеле во изградата на градот Лусаил во Катар, за потребите на Светското првенство во фудбал во 2022 година, неколку месеци не добиле плата.
Истражувањето на „Амнести интернешнел“, покажало дека најмалку 78 луѓе од Индија, Непал и Филипини, во просек останале покуси за по 2.000 долари.
Под изведувачот „Меркјури МЕНА“, според „Амнести интернешнел“ ги „уништил животите на луѓето поради неколку месечниот застој во исплатата“.
Работниците граделе марини, паркови и стадион со капаците од 80.000 места, на кој треба да биде отворено Светското првенство.
Во меѓувреме се огласи ФИФА, со зборовите дека овој проблем нема врска со нивната организација, додека владата на Катар, тврди дека „Меркјури МЕНА“ не е директно вклучена во изградбата на стадионот, туку во изградбата на градот.
Откако бил откриен скандалот, под изведувачот престанал да работи во Катар, а владата најави дека ќе го истражи целиот случај.