Top Sport

Градоначалникот на Бергамо му одговори на Ањели: Аталанта со пот и имагинација заслужија место во ЛШ

Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори му одговори на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели за неговото тврдење дека Аталанта не заслужува да биде во „елитата“, во уште еден обид да се промовира неговата идеја за Европска суперлига.

„Имам голема почит за тоа што го прави Аталанта, но без интернационална историја и со една добра сезона тие имаат директен пристап до елитното европско натпреварување. Дали тоа е праведно?“, се праша Ањели.

Од Аталанта засега нема одговор, но градоначалникот Гори застана во одбрана на клубот.

„Го почитувам Андреа Ањели, но не се согласувам со тоа. За разлика од елитата на богатите и славни, повеќе ги сакам резултатите остварени на теренот и тие кои ’само’ го претставуваат провинцискиот град, заслужиле место во Европа со пот и имагинација. Тоа е СПОРТ“, вели Гори.

Аталанта заврши трета во Серија А минатата сезона и играше во финалето на Копа Италија. Во првата сезона во ЛШ, „Ла деа“ ја помина групата и го доби првиот меч од осминафиналето со 4:1 против Валенсија.

Ањели ја турка идејата за европска Суперлига: Аталанта не е за во ЛШ!

Scroll to Top