Top Sport

Реал: Операцијата на Азар е успешна

Реал Мадрид објавија дека нивната ѕвезда, Еден Азар имал успешна операција на скочниот зглоб во Далас, Тексас, и се очекува да се врати на фудбалските терени пред Европското првенство во 2020 година.

Азар, кој неодамна се врати на терените од претходна повреда, ја скрши десната фибула при 1:0 поразот од Леванте на 22 февруари и 29-годишниот Белгиец беше пратен на операција во САД во клиника каде што имаат искуство со лични повреди на НБА ѕвездите.

Азар има само 15 настапи и еден гол за „Лос бланкос“ по трансферот од 100 милиони евра од Челси минатото лето. Се шпекулираше дека тој ќе биде во аут најмалку три месеци, иако белгискиот селектор, Роберто Мартинез очекува тој да биде достапен и за Мадрид и за репрезентацијата во мај.

Scroll to Top