Top Sport

Градоначалникот на Кавадарци со реакција до ФФМ: Дали судиите судат по нарачка?

Тиквеш доживеа пораз (1:2) од Академија Пандев во Кавадарци, но домаќините имаа големи реакции за судењето. Се огласи дури и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој го искажа незадоволството од абитражата на овој меч.

„Контроверзен пораз на нашиот тим Тиквеш во дуелот со Академија Пандев. Затоа што од страна на судиите не беше признат очигледниот чист гол на нашите момци. Целиот натпревар беше лошо суден. Ги прашуваме од ФФМ дали нивните судии не знаат да судат или можеби „судат по нарачка” и истовремено ги повикуваме да им се извинат на фудбалерите и навивачите на Тиквеш. Ваквите судии треба да се изземат од македонскиот фудбал, за да не го уништуваат фудбалот“, изјави Митко Јанчев.

 

Scroll to Top