Top Sport

Градоначалникот на Ваљадолид: Грабеж и невиден срам – Тренерот: Ова е лига на Барселона

Бес и неверување владее во Ваљадолид по синоќешниот судиски грабеж на „Ноу Камп“ во Барселона.

Барселона, со тешка, мака и голема помош на судијата Хаиме Латер, успеа да го победи Ваљадолид со голот на Усман Дембеле во 90.минута.

Шпанците се согласни дека на голот му претходеше фаул на Алба врз Роке Меса. Претходно Латре престрого го исклучи, играчот на Ваљадолид Оскар Плано, а гостите се особено лути на одлуката на судијата да не досуди пенал за нив, откако Алба играше со рака пред својот гол, во 62.минута.

„Сакате да ме смирите, тоа е невозможно. Му кажав на судијата дека ВАР е воведен со причина и дека требаше да го користи. Знаете, во оваа лига сите, а не само Барселона, имаме големи влогови. Се и е потредено на Барселона. Играњето со рака на Алба беше очигледно, а би сакал од друг агол да го видам исклучувањето на нашиот фудбалер. Ќе повторам сите играме за нешто во оваа лига. Мојот клуб игра во истата лига во која игра и Барселона, сакам за сите да важат истите правила“, рекол тренерот на Ваљадолид Серхио Гонзалес.

Во целатата приказна се вклучил и градоначалникот на Ваљадолид, Оскар Пуенте. Градоначалникот не ги бирал зборовите, на социјалните мрежи, по исклучувањето на Оскар Плано, напишал: „Ова е очигледен грабеж и невиден срам“.

Пуенте жестоко реагирал и по завршувањето на натпреварот.

„Мислам дека судијата сега треба да оди во соблекувалната на Барселона и да ги теши своите соиграчи бидејќи малку недостигаше да не победат. Не беа на нивото на задачата, која им ја олесни судијата. Неговата намера да му помогне да големиот клуб да го победи малиот беше очигледна“.

Scroll to Top