Фудбалскиот клуб Манчестер сити го претстави новиот лев бек, Шпанецот Серхио Гомес.
Минатата сезона овој 21. годишен фудбалер одигра 49 натпревари за белгискиот великан Андерлехт. Во кариерата играл за сите младински селекции на шпанската репрезентација.
Гомес кариерата ја започна во помладите категории на Барселона, а потоа се пресели во Борусија Дортмунд, од каде замина на позајмица во Уеска, за целосно да се наметне во Белгија, каде што работеше со поранешниот капитен на „граѓаните“ Венсан Компани.
„Многу сум среќен и горд што дојдов во Манчестер сити. Сити е најдобриот тим во Англија и со Пеп Гвардиола имам можност да учам и да се развивам под водство на најдобриот тренер во светот“, изјави Гомес
Медиумите објавија дека Сити на Андерлехт ќе му плати околу 15.000.000 евра.
We are delighted to announce the signing of @sergiogm_10 on a four-year deal ✍️
Read more ⤵️
— Manchester City (@ManCity) August 16, 2022