Top Sport

„Граѓаните“ ќе останат без Сане и Агуеро

Лирој Сане и Серхио Агуеро во летниот преоден рок ќе го напуштат Манчестер сити тврди „Скај Спортс“. Според овој извор неколку клубови внимателно ја следат ситуацијата за да испрата понуди.

Сане долго време се поврзува со Баерн Минхен. Наводно тој се договорил со Баварците, останува уште клубовите да го одредат обесштетувањето.

Од друга страна за Агуеро најсериозно бил заинтересиран Интер. На „Џузепе Меаца“ сметале дека Агуеро ќе биде идеална замена за Лаутаро Мартинез кој треба да се пресели во Барселона.

Scroll to Top