Top Sport

Мурињо: Кога играм видео-игра не правам грешки

Тотенхем синоќа со пресврт го победија Саутемптон (3.2) и се пласираа во осмина-финалето во ФА купот. По мечот на прес-конференцијата, тренерот на тимот Жозе Мурињо повторно зборувал за ВАР-системот.

„Грешки можат да се случуваат на теренот. Јас ги правам, ги прават играчите, судиите. Но не можам да прифатам дека грешки прават и судиите во ВАР-собата. Кога играм видео-игра не правам грешки. Грешки правам на теренот. Кога работев со Гери Невил и Џејми Карагер на „Скај спорт“, не направив ниту една грешка . Така треба да е и со судиите. Грешките на теренот можат да се случат и многу ги почитувам сите нив бидејќи тешко е во таа брзина да ги забележите сите работи. Но кога го имате целото време на светот во ВАР-собата за да ја прегледата снимката, тогаш е тешко да го прифатите фактот дека ‘грешки се случуваат’. Ние сериозно бевме казнети поради грешките што ги направија видео-судиите“, рекол Мурњо.

Португалецот потоа заклучил дека добро го води тимот кој има многу проблеми и потешкотии.

Scroll to Top