Top Sport

Гранада со шок за Севилја, само Вилјареал е непоразен во Шпанија

Гранада стигна до изненадувачка 1:0 победа над Севилја во андалузиското дерби, за прва победа во елитата оваа сезона, по која само Вилјареал, кои со 2:0 претходно го совладаа Реал Бетис останува како единствен шпански клуб без пораз во Ла лига во 2021/22.

Човек на одлука беше Рубен Рочина со голот во 25. минута за славна победа на новиот прволигаш против клуб кој игра во Лигата на шампионите.

Претходно, на „Керамика“, Вилјареал со двата гола на Арнаут Данџума се рехабилитираше по драматичниот пораз од Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите со 2:0 победа над Бетис. Иако Вилјареал се непоразени во Ла лига по седум меча, ова е само втора победа за „жолтата подморница“, покрај петте ремија.

ЛА ЛИГА, 8.КОЛО

Гранада – Севилја 1:0

Хетафе – Реал Сосиедад 1:1

Вилјареал – Реал Бетис 2:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top