Top Sport

Гранит Џака бара излез од Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, швајцарскиот репрезентативец, Гранит Џака по се што се случуваше во изминатиот период, во зимскиот преоден рок ќе бара да го напушти „Емирати“ стадионот во Лондон.

Фудбалерот кој на мечот со Кристал Палас ја носеше капитенската лента, откако беше исвиркан од домашните навивачи за неговите игри, демонстративно ја фрли капитенската ленат и го соблече дресот, додека излегуваше од игра.

Извори блиски до „топчиите“ велат дека Џака им рекол на челниците на Арсенал дека сака што поскоро да го напушти клубот, а негова следна дестинација сака да е Германија, од каде дојде во Англија пред 3 години.

Управата на клубот се надева дека би можела да врати поголем дел од вложените 45 милиони евра, колку што и платија на Борусија Менхенгладбах за Швајцарецот да се пресели во Лондон.

Џака, според информациите, и понатаму добро котира во Бундеслигата каде го сметаат за еден од најдобрите играчи од средниот ред, пред кариерата да ја продолжи во Премиерлигата.

Scroll to Top