Андреас Гранквист најави дека ќе биде капитен на Шведска во осминафиналето на Мундијалот во Русија во вторник и покрај тоа што неговата сопруга треба да се породи со нивното второ дете истиот ден.
Софи Гранквист се врати во Шведска неодамна откако нејзиниот сопруг најави заминување од рускиот клуб Краснодар по пет години и приклучување на Хелсинборгс во родната земја.
„Тешко е да се оди дома кога пред тебе е полуфиналето. Размислував да бидам таму, но засега нема вести. Сите ја знаете мојата ситуација, мојата сопруга е силна и има многу од своите најблиски околу себе“, вели Гранквист.