Марина Грановскаја, директорката на Челси, и според многумина најмоќната жена во светот на фудбалот, ги изнесе Томас Тухел и неговите помошници на вечера пред враќањето во акција овој викенд.
Тухел беше фотографиран со Грановскаја и голем дел од неговиот тим во ресторан во Лондон, потврдувајќи ги шпекулациите дека има фантастични односи со неа и со техничкиот директор, Петр Чех откако го замени Френк Лампард пред 12 месеци.
Тие беа фотографирани со магионичарот Дејвид Редферн, кој ја објави фотографијата на својот Инстаграм профил. Покрај Тухел и Грановскаја на вечерата биле и тренерот на првиот Арно Микелс, помошникот тренер Ентони Бери и аналитичарот Бенјамин Вебер.
„Каква чест! Правев магија на џентлменот Томас Тухел, Марина Грановскаја и тимот на Челси. Магично“, напиша Редферн.