Top Sport

Грилиш е играч на Манчестер сити

Џек Грилиш е нов играч на Манчестер сити. Информацијата ја потврди новинарот Фабрицио Романо на својот профил на „Твитер“.

Астон Вила од трансферот на Грилиш заработи 100 милиони фунти (117 милиони евра). Ова е британски рекорд, пред четири години Манчестер јунајтед за пол Погба платија 105 милиони евра.

Грилиш со Сити потпишал договор до 2026 година.Доаѓањето на Грилиш значи дека клубот ќе го напушти Бернардо Силва.

Scroll to Top