Top Sport

Бразил остана без олимписката круна – Русија ќе се бори за златниот медал

Русија преки актуелниот олимписки првак Бразил избори пласман во финалето на Игрите во Токио. Русите во првото полу-финале, ги победија Бразилците со 3:1 (18:25, 25:21, 26:24, 25:23).

Русија ќе се бори за златниот медал, прв пат по 2012 година, кога ја освоија титула. Во Токио, тие им се реваншираа на Бразилците, за поразот во четврт-финалето, пред пет години во Рио де Жанеиро.

Големите ривали одиграа возбудлив и квалитетен меч. Клучниот момент се случи во средишницата на вториот сет, кога Русите се вратија во мечот по негативата од 13:20.

Со 22 поени, Русија ја предводеше Максим Михајлов, Јегор Кљука имаше 15, а Иван Јаковлев 13 поени. Јоанди Леал со 18 поени беше најефикасен кај Бразил.

Русија во финалето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Аргентина и Франција.

Scroll to Top