Top Sport

Гринвуд „дополнително“ уапсен за силување и закани за убиство

Кариерата на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд најверојатно е завршена, откако полицијата во Манчестер потврди дека тој е „дополнително“ уапсен со нови обвинувања за силување и за закана за убиство на неговата девојка, Хериет Робсон.

Гринвуд првично беше приведен во неделата откако Робсон на социјалните мрежи објави вознемирувачки видеа, фотографии и аудио-снимки од физичкиот напад на Гринвуд, по што следуваше суспендирање од неговиот клуб, дистанцирање од неговите соиграчи кои го избришаа од социјалните мрежи, и откажување од спонзорите како „Најк“.

Во објавата на полицијата се вели дека судијата дозволил дополнително испитување, кое ќе се случи утре, и дека по собраните докази тој е „дополнително уапсен“ за силување и закани за убиство.

Scroll to Top