Top Sport

Тајсон Фјури: Хабиб беше во право!

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури го пофали легендарниот УФЦ фајтер, Хабиб Нурмагомедов за неговата одлука да се повлече од спортот непоразен и „на време“.

Нурмагомедов се повлече од ММА борбите со 29-0 скор по одбраната на титулата во лесна категорија против Американецот Џастин Гетџи и засега ги одбива сите богати понуди да се врати во кафезот.

Фјури, кој исто така е непоразен во боксерскиот ринг, со фотографија на Хабиб од „Олд Трафорд“ со дресот на омилениот клуб на Британецот, Манчестер јунајтед, вели дека тој бил „во право“.

„Овој човек беше во право. Стигна до врвот, победи, и си замина на врвот. Голем респект, Хабиб“, напиша Фјури.

Пораката повторно ќе ги зголеми шпекулациите за повлекување на „Џипси Кинг“, кој се врати на врвот во тешка категорија по тригодишна пауза од спортот откако го победи Владимир Кличко во 2015. Лани тој изјави дека дефинитивно нема да биде уште многу години во боксот, посебно бидејќи има веќе 33 години.

Scroll to Top